До петок трае собирањето потписи за претседател
Уште неколку дена остануваат за собирање потписи за претседателски кандидатури. Во меѓувреме, ДИК побара да се направат промени во Изборниот законик за да може да се гласа и со стари важечки документи.

Уште неколку дена остануваат за собирање потписи за претседателски кандидатури. Досега седуммина обезбедија учество во трката: Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова, Бујар Османи, Арбен Таравари, Максим Димитриевски, Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски.
Сите други пријавени кандидати за шеф на државата се далеку од потребниот број од 10 илјади потписи од граѓани, а интересно е што на листата на ДИК, за оние кои собираат потписи се појави уште едно име, на извесен Гоце Ристов. Изборната кампања почнува на 4-ти април, но, дел од кандидатите веќе имаат интензивни активности на терен.
Во меѓувреме, ДИК побара да се направат промени во Изборниот законик за да може да се гласа и со стари важечки документи.
