„Валкана кампања“ пред стартот на кампањата
Социјалдемократите обвинија дека Гордана Силјановска-Давкова е реприза на Иванов и нуди враќање назад. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ го нападна кандидатот Стево Пендаровски...

Ако денот по утрото се познава, тогаш не очекува валкана кампања. И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ удрија по противничките кандидати за шеф на државата. Социјалдемократите обвинија дека Гордана Силјановска-Давкова е реприза на Иванов и нуди враќање назад, а неодење кон Европската унија.
Ваквиот нивен став тие го темелат на тоа што пратеничката се придржувала до блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ го нападна кандидатот Стево Пендаровски.
Од партијата сметаат дека тој ја излажал јавноста дека се затворени отворените прашања до соседите, со прифаќање штетни договори за државата.
