Фудбал

Арсенал со убедлива победа против Шефилд

05.03.2024 12:34

Со оваа победа Арсенал стана првиот тим во историјата на Премиер лигата кој на три гостински натпревари во низа постигнал по пет или повеќе голови.

Арсенал вчера одигра уште еден фантастичен натпревар во кој славеше убедлива победа против Шефилд на гостински терен со 0:6. Со оваа победа Арсенал стана првиот тим во историјата на Премиер лигата кој на три гостински натпревари во низа постигнал по пет или повеќе голови.

По новата победа, Арсенал моментно е трет на табелата со 61 бод, два помалку од водечкиот Ливерпул и бод помалку од Манчестер сити на втората позиција.

Арсенал постигна 31 гол на седумте натпревари во Премиер лигата во оваа календарска година забележувајќи победа на сите.

Шефилд пак е првиот тим што загубил четири последователни натпревари на домашен терен во сите натпреварувања, а примил пет или повеќе голови.