Тенис

Ѓоковиќ има отворен пат до полуфинале на Индијан Велс

05.03.2024 12:51

Ѓоковиќ е носител и слободен во првото коло, додека во второто ќе игра против квалификант или Вукиќ, по што се очекува борба против Ечевери, а Умбер или Пол се можни противници во осминафиналето, додека во следната рунда се очекува меч против Хуркач...

На еден ден пред почетокот на турнирот, денеска беше извлечен ждребот за турнирот во Индијан Велс. Новак Ѓоковиќ кој на овој турнир се враќа по пауза од пет години, веројатно ќе има релативно лесен пат до полуфиналето.

Ѓоковиќ е носител и слободен во првото коло, додека во второто ќе игра против квалификант или Вукиќ, по што се очекува борба против Ечевери, а Умбер или Пол се можни противници во осминафиналето, додека во следната рунда се очекува меч против Хуркач.

За разлика од српскиот тенисер, Рафаел Надал има тежок пат и во првото коло ќе игра против Раониќ, а ако го победи ќе игра против Руне, по што го чека меч против Шаповалов или Музети, а во осминафиналето е проектиран Фриц, додека во четвртфинале би можел да се соочи со Медведев.

Индијан Велс е првиот голем Мастерс турнир кој се игра во секоја нова натпреварувачка сезона.