Царина

Богоев: Нула толеранција за криминалот и корупцијата

05.03.2024 14:14

Новиот систем за видеонадзор и препознавање на регистарски таблички е веќе воспоставен на граничните премини Дојран, Свети Наум, Табановце, железничка станица Гевгелија и аеродромот Охрид, а во следниот период ќе се воспостави и на останатите 14 гранични премини низ државата.

Новиот систем за видеонадзор и препознавање на регистарски таблички е веќе воспоставен на граничните премини Дојран, Свети Наум, Табановце, железничка станица Гевгелија и аеродромот Охрид, а во следниот период ќе се воспостави и на останатите 14 гранични премини низ државата.

Дежурниот царински центар на Царинската управа од денеска располага со сите податоци кои ги вчитуваат поставените „паметни камери“ на овие гранични премини. Информациите од системот ќе се складираат во податочен склад и истите ќе се користат за напредни анализи на податоци, за анализа на ризик, како и за истрагите што ги води Управата со цел сузбивање на криминалот и корупцијата. Денеска, директорот на царинска управа Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Татјана Марковска специјалист за приватен сектор при Канцеларијата на Светска банка, го посетија дежурниот царински центар и граничниот премин Дојран со цел увид на реализацијата на проектот.

Министерот за транспорт и врски вели дека системот целосно ќе се имплементира годинава и оти неговата ефикасност во насока на подобрување на работата на граничниот премин е веќе видлива преку имплементацијата на системот на граничниот премин Дојран.

За реализација на системот се обезбедени средства во висина од околу еден милион евра преку Проектот на Светска банка за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка во нашата држава, Масимилијано Паолучи посочи дека трговијата и меѓународната интеграција се од суштинско значење за економскиот раст на земјите со мал домашен пазар како Северна Македонија.