Домашни компании во евиденцијата на НАТО за учество на пазарот на Алијансата
Домашните компании заинтересирани за пазарот на НАТО, вреден пет милијарди евра годишно. Денеска за ова се разговараше во Скопје со претставници на Алијансата на НАТО-индустрискиот ден...

По членството во НАТО во првите месеца од годинава, Педесет македонски компании се регистрирале како економски оператори за да вршат набавки за Алијансата и сојузниците. Центарот за поддршка на македонските компании при Министерството за одбрана за регистрација и сертификати ќе се засили со претставник директно во Брисел.
Првите луѓе на НАТО-комисиите за поддршка и набавки и комуникации и информирање сметаат дека компаниите, иако од помала земја членка, имаат можности за настап на НАТО-пазарот.
Македонските компании можат да конкурираат за набавки за храна, гориво, опрема и нови технологии за НАТО.
Ирина Гелевска
