Собрание

Втор неуспешен обид за законите за стратешки инвестиции

05.03.2024 14:30

На седницата не се појавија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, но и на коалициониот партнер во владата – ДУИ...

Поради немање мнозинство се одложи Комисијата за четирите закони за стратешки инвестиции-предложени од вицепремиерот Фатмир Битиќи. На седницата не се појавија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, но и на коалициониот партнер во владата – ДУИ.

Ова е втор обид да заседава Комисијата за реализација на проектите „Соларен парк Стипион“, Соларна електрична централа – Пехчево, Аим Греен Тецх и Митилинеос, сите по скратена постапка. По укажувања од институциите претходно Битиќи ги повлече предлог законите, за повторно да ги поднесе до Собранието, но со избришани членови во два од законите.