Македонија

ДЗС: Двајца се пензионираа, остана само еден пилот

05.03.2024 14:33

Двајца се пензионираа, остана само еден – нема пилоти за трите ертрактори за гаснење пожар. Во избори нема вработувања, дирекцијата се надева дека доскорешните колеги ќе излезат во пресрет.

Нема пилоти за ертракторите на Дирекцијата за заштита и спасување. Двајца од тројцата се пензионираа, а тој што остана сам тешко дека ќе може да се справи со некоја посложена состојба бидејќи може да лета само три часа најмногу две сесии, односно шест часа, вели за МТВ пилотот Васко Михалчев еден е од неодамна пензионираните.

Ризикот се зголемува поради психофизичката оптовареност како и тежината која ја носи воздухопловот, вели жали што државата не создала услови за обука на помлади колеги бидејќи за такво нешто се потребни двоседи кои ги немаме.

Дирекцијата нема да може да вработи пилоти и да ги прати на обука бидејќи сме во предизборие за кое важат одредбите од изборниот законик. Но МТВ го праша првиот човек на дирекцијата Максути, дали предвиделе ли дека ќе западнат во ваква ситуација и што презеле?

Максути, вели дека иако со наближувањето на летото се зголемува загриженоста, сепак се надева дека додека новите да добијат лиценца, пензионираните пилоти ќе излезат пресрет и ќе прифатат да бидат ангажирани доколку се јави неодложна потреба да се кренат трите воздухоплови за гаснење пожари.

 

Фиљана Кока