Партиите ги кројат листите за пратеници
Партиите забрзано ги кројат пратеничките листи за парламентарните избори. Се прави избор помеѓу големиот број пријавени кандидати. Во албанскиот кампус веќе се исцртуваат два големи блока …

Партиите ги прават последните комбинаторики за листите за пратеници за парламентарните избори, закажани за 8-ми мај. Лидерот на СДСМ, Ковачевски рече дека преку општинските организации се номинирале над илјада кандидати, а околу шестотини официјално поднеле кандидатури за пратеници. Тој рече дека разговараат со коалициските партнери за распределбата на местата.
Здружената опозиција на албанските партии „Вреди“ составена од четирите партии Демократско движење, Алтернатива, движењето Беса и крилото на Таравари не стравува од најавата на ДУИ за создавање фронт со крилото на Села, партиите на Хоџа и Скендер Реџепи и со ДПА.
Движењето ЗНАМ ќе има кандидати во сите шест изборни единици.
Во меѓувреме, откако ДИК побара да се направат промени во изборниот законик за да може да се гласа и со стари важечки документи, лидерот на СДСМ Ковачевски рече дека го поддржуваат предлогот и веќе се разговара за решение во работната група што работи на Изборниот законик. Според проценките, станува збор за околу 100 илјади граѓани.
Игор Панов
