Култура

Недела на гостувања во Драмски театар Скопје

05.03.2024 15:58

Традиционалната поддршка на Драмски театар Скопје на колегите од независната сцена продолжува и годинава. Во првиот циклус оваа сезона, настапуваат три театарски ансамбли. Сите претстави почнуваат во 20 часот.

Публиката на Драмски театар неделава ја има можноста да проследи претстави на четири ансамбли. На 6-ти март гостува театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес со претставата „Нема струја за електричниот стол“ на режисерот Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Васил Зафирчев и Исидор Јовановски.

Традиционалната поддршка на Драмски театар Скопје на колегите од независната сцена продолжува и годинава. Во првиот циклус оваа сезона, настапуваат три театарски ансамбли. Сите претстави почнуваат во 20 часот.

Во четврток на 7-ми март ќе се претстават „Штрих“ со претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“. Улогите ги играат актерите: Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли и Јанка Лефкова. Претставата е на авторот Филип Грујиќ. Режисер е Борис Василески.  

Театарот „Златен Елец“ се претставува во петок, 8-ми март, со „Кенди“ според истоименото дело на Лук Дејвис. Адаптацијата и режијата е на Тамара Стојаноска, а улогите ги играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.                   

Во сабота на 9-ти март е претставата „Бура и продор“ на групата „Стурм унд дранг“. Теа Беговска е автор и режисер, а настапуваат:  Илин Јовановски, Дениз Рустеми, Бојан Лазаров, Миа Кантарџиева Петровска, Тодор Стојковски и Дин Ибрахим. 

Од  Драмски театар информираат дека интересот на публиката за гостувањата е голем и со тоа ги покануваат и охрабруваат и останатите професионални ансамбли и театри од независната сцена за соработка и гостувања во оваа и наредните театарски сезони.