Здравство

Повик навреме да се набави „Трикафта“

05.03.2024 17:17

32 пациенти со цистична фиброза досега примаат терапија со „Трикафта“. Надлежните велат дека етапно се воведуваат и нови болни од цистична фиброза, но дали динамиката е доволна?

Не оди според ветеното, на 10 дена по седум пациенти да почнат лекување со „Трикафта“. Од јануари заклучно со март требаше на терапија да бидат 56 пациенти, а сега се 20, или, 32-ца со првите 12. Пациентите реагирале и добиле одговор дека динамиката е успорена поради сезонските заразни болести. На Пулмологија нема услови за изолација на пациентите со цистична фиброза, па возрасните ќе се лекуваат во Козле.

Ако навреме не стигне терапија и за во април е доведено во прашање земањето терапија, вели Гаспар. Фондот за здравство дал одобрување за набавка на модулаторна терапија кои треба да ги покрие сите над 12 години и оние со влошена здравствена состојба.

На прашањето колку пациенти од јануари почнаа да примаат „Трикафта“ и дали е запазена динамиката, од Здравство одговараат: пациентите етапно се вклучуваат на терапија, согласно протоколот и прецизни критериуми на евалуација. Листата ја прави стручна комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза.

Наташа Јанчиќ-Менковски