Ангелов: Мечката го нападнала туристот оти се исплашила за своите мали
Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, мечката го нападнала туристот бидејќи додека одморал со групата се нашле во близина на две мали мечиња. Исплашена за нив, вели директорот на ЦУК, мечката скокнала од дрвјата во близина и го гризнала туристот за ногата, а потоа побегнала.
Турист од Данска кој бил на скијање на Попова Шапка денеска бил нападнат од мечка. Животното го гризнало за ногата, а човекот е пренесен во болница.
Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, мечката го нападнала туристот бидејќи додека одморал со групата се нашле во близина на две мали мечиња. Исплашена за нив, вели директорот на ЦУК, мечката скокнала од дрвјата во близина и го гризнала туристот за ногата, а потоа побегнала.
Настанот се случил денеска претпладне во 10:45 часот над Попова Шапка, на северната страна на Цирепашина, кај местото викано Јелак, каде што данскиот турист заедно со 10-члена група уживал во слободен стил на скијање надвор од патеките на ски-центарот „Попова Шапка“.
Повредениот турист по инцидентот бил качен на ратрак и однесен до Попова Шапка од каде што го презела екипа на тетовската Итна медицинска помош. Потоа бил префрлен во една од болниците во Тетово, каде што му била исчистена и санирана повредата.
