Заврши комисиската расправа за Предлог-законот за забрана на нефер трговски практики
Граѓаните се жалат дека цените во маркетите се значително зголемени откако престанаа да важат гарантираните цени. Владата не ја продолжи мерката, во очекување пратениците да го донесат Законот за спречување нефер трговски практики. За овој закон денеска се расправаше во Собранието …

Четири дена по укинувањето на „гарантираните цени“, Предлог-законот за забрана на нефер трговски практики влезе во Собрание. За тој да помине се очекува пратениците да дадат зелено светло.
Комисиската расправа заврши и сега се очекува овој Предлог-закон да се најде на пленарна седница. Кога тоа ќе се случи останува да видиме.
Пратениците од власта и од опозицијата се расправаа кој бил во право, а кој не, иако на крајот од денот граѓаните се тие кои ќе мора да го платат цехот.
И додека се чека на пратениците да го изгласаат овој Предлог-закон, граѓаните реагираат дека нема крај поскапувањето на дел од производите.
Во меѓу време, власта бара Комисијата за заштита на конкуренцијата да биде поажурна и да покаже поголема сериозност во постапувањето.
Борис Грујоски
