Истакнати резултатите од екстерното тестирање за осмоодделенците

15.06.2014 15:07

Просечната оценка на постигнувањето на осмоодделенците е 3,67...

Резултатите од екстерното тестирање на сите осмоодделенциистакнати се денеска по 12 часот во сите основни училишта, а за сите останати ученици во следните неколку денови. Врз основа на обработените тестови, просечната оценка на постигнувањето на осмоодделенците е 3,67. Во однос на минатата година, кога просекот изнесуваше 3,53, оваа година резултатите се повисоки за 0,14 процентни поени.
 
Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој рече дека јунската сесија од процесот на екстерното тестирање на учениците од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование завршила заклучно со 10 јуни и поради законската обврска за упис во средно училиште осмоодделенците имале предност при полагањето, како и при етапното објавување на резултатите.
 
Секој ученик ќе може да ги погледне оценките кои ги добил по предметите по кои бил тестиран и најдоцна во рок од три работни денови, практично од понеделник до среда доколку смета дека е потребно, ќе има можност да поднесе приговор до училишната комисија која ќе го проследи до Државниот испитен центар во чија надлежност е носењето на конечната одлука, посочи Спировски.
 
Според добиените податоци од Државниот испитен центар, нагласи министерот, од вкупно 21.658 осмоодделенци од оваа учебна година кои треба да бидат екстерно тестирани, во јунската сесија по два предмети тестирани се вкупно 21.191 осмооделенец, 249 ученици се тестирани само по еден предмет, додека 218 ученици од генерацијата воопшто не се тестирани во оваа фаза.