Свет

„Супер вторник“: Во САД се гласа на прелиминарни избори

05.03.2024 20:14

Во редовите на Демократите, актуелниот претседател Бајден нема никакви противкандидати и неговата номинација е извесна, додека кај Републиканците, се очекува Трамп да извојува конечна победа наспроти неговата ривалка Ники Хејли, и со тоа да се доближи до републиканската номинација.

„Супер вторник“- најголемиот ден во изборниот процес во САД. Во петнаесет сојузни држави се гласа на прелиминарните избори. Во редовите на Демократите, актуелниот претседател Бајден нема никакви противкандидати и неговата номинација е извесна, додека кај Републиканците, се очекува Трамп да извојува конечна победа наспроти неговата ривалка Ники Хејли, и со тоа да се доближи до републиканската номинација.

За да биде избран на Републиканската национална конвенција во јули, ќе треба да собере најмалку 1.215 делегати.

Демократската национална конвенција е во август, кога 1.968 делегати ќе треба да му ја дадат поддршката на Бајден.