Финансиска поддршка во овчарството и козарството
Овчарите ќе добиваат субвенција од по 600 денари за животно доколку имаат стадо од најмалку 30 овци, a по 1.400 денари им следува ако го продале своето производство во кланици. За млекото ќе се добиваат по 6 денари за литар за произведени и предадени најмалку 300 литри месечно.

По 600 денари за животно ќе добиваат овчарите кои имаат минимум 30 обележани овци и ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2024 година, а по 1.400 денари за оние кои го продале своето производство во регистрирани кланични капацитети. Исплатата е условена со продажба на најмалку 50 проценти од пријавените возрасни грла.
Одгледувачите на најмалку 10 кози имаат право на субвенција од 2.000 денари по грло.
Регистрираните одгледувачи на овци и кози и производители на млеко кои го имаат предадено на овластен откупувач или искористено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет од октомври 23 до декември 2024 година, ќе добиваат по 6 денари за литар произведено и предадено млеко.
Минималната прифатлива количина за која ќе се добиваат субвенции изнесува 300 литри месечно по земјоделско стопанство.
Дополнителни субвенции следуваат и за предадено јагне или јаре.
Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои тоа го направиле во регистриран кланичен капацитет во периодот од 26-ти декември 2023 до 25-ти декември 2025 година. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 1.000 денари за животно.
Методија Трајков
