Бајден и Трамп победија на трките во „супер вторник“
Претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп победија на трките во „супер вторник“, со забележителни победи во Калифорнија и Тексас.

Претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп победија на трките во „супер вторник“, со забележителни победи во Калифорнија и Тексас.
Трамп извојува голема победа, зацврстувајќи ја својата позиција како сигурен кандидат на републиканската партија за претседателските избори во ноември. И покрај низата победи во голем број сојузни држави, сепак неговата ривалка Ники Хејли изненади со огромната поддршка што ја доби во Вермонт.
Веќе е извесно дека резултатите го отворија патот за реванш со неговиот противник, Џо Бајден.
„Многу ви благодарам. Тие го нарекуваат „супер вторник“ со причина. Никогаш не се случило нешто вака убедливо. Ова беше неверојатен ден. Имаме одлична републиканска партија со огромен талент и сакаме да имаме единство, тоа ќе се случи многу бргу. 5-ти ноември е веднаш зад аголот, и ќе остане единствениот најважен ден во историјата на нашата земја“, изјави Доналд Трамп - поранешен претседател на САД.
