Денеска татнежот ќе доаѓа од три локации
Шест нови селекции ќе ја почуствуваат на терен мудијалската адреналинска еуфорија, испратена со среќа, тага, надеж.

Швајцарија и Еквадор (18 часот МРТ 1) ќе го отворат 4-тиот ден, по нив магијата на зелениот терен ќе ни ја пренесат Франција и Хондурас (21 часот МРТ 1). За затворањето на денот точно на полноќ (МРТ 1) ќе се погрижат, атрактивните аргентинци и дебитантите со сета балканска мотивација и пркос, Босна и Херцеговина.
Кој каде ќе игра?!
Првата станица е главниот град на Бразил, Бразилија. Престолнина која во 1956-та ја добива почеста да биде бразилска метропола. Предходници како главни градови се водат Салвадор и Рио Де Жанерио. Практично, уште во 19-тиот век е даден предлог метрополата да биде пеместена во централниот дел на државата. Бразилија, целиот град, е изграден во четири години, па предсатвувањето пред светот за главно градско бразилско сврталиште се промовира 22 април 1960-та. Како го личи секој главен град во светот, така и Бразилија е центарот на законодавната извршна и судска власт, бискупијата, универзитетските центри, потоа амбасадите и голем дел од индустријата. Бразилија е единствениот град кој е изграден во 20-тиот век, а кој припаѓа во заштитените нешта од УНЕСКО.
Националната арена, местото за одмерување на силите е изградена 1974-тата година, а реконструирана 2013-та. Пред да го добие називот Национална, го носела името на славниот бразилски фудбалер, Мане Гаринча. Капацитетот е 70.000 посетители, а рекрдната бројка е запишана пред точно една година на натпреварот Бразил-Јапонија кога за својата земја дошле да ја подржат 67.423 симпатизери. Ова е стадион кој е втор по големина на кој ќе се играат натпреварите на светското. На негова трева месецов ќе истрчаат уште селекциите во меѓусебни дуели, Колумбија-Брегот на Слоновата Коска(19 јуни), Камерун-Бразил(23 јуни) и Португалија-Гана(26 јуни).
Во градот Порто Алегри, а на стадионот Жозе Пињерои Борда, или попознат како Бејра-Рио ќе истрча шампионот од 1998 Франција во дуел со Хондурас, селекција која го бележи третото појавување на светските фудбалски собири. Досегашните две, завршуваат незабележително резултатски, уште во првиот групен круг.
Карактеристиките за Порто Алегри се врзуваат со податоците дека тој се води како еден од главните културни, политички и економски центри. Уште една интересна работа е што голем дел од популацијата која патем е околу еден ипол милион, е европска. Претежно населените влече корени од Германија, Полска и Италија. Климата е суптропска, па оттука летата се многу топли и влажни со големи невремиња, додека зимите се благи.
Стадионот Бејра-Рио, на кој денеска ќе се запишат првите мундијалски часови е изграден 1969-тата. Се градел цела деценија, а името го добил по португласкит архитект кој бил одговорен за неговиот изглед и градба, но кој не го дочекал да го види неговиот финален изглед. Како и голем дел, ако не и сите постоечки стадиони дел од светскот, се реновирани, така и овој пред една година. Доколку биде исполнет до последно место на денешниот натпревар, тогаш ќе бидат избројани 51.300 гледачи. Бразил не би бил Бразил доколку бројката не се удвои па се заведе максимумот (1972 година), кој вели 106.554 фанови натискани ризично по трибините.
Австралија-Холандија (18 јуни), Ј.Кореја-Алжир(22 јуни), Нигерија-Аргентина(25 јуни) и ¼ финален дуел на 30 јуни се селекциите кои населенито на Порто Алегри ќе имаат чест да ги видат.
Убавицата Маракана за првпат на мундијалов ќе ги отвори своите врати за гледачите, ќе ја понуди својата трева на фудбалерите. Подобро деби Босна и Херцеговина можеше ли да поска и замисли, противник Аргентина, терен Маракана.
Рио Де Жанеиро со 6,3 милиони жители е 26 град во светот по бројот на население. Рио е за многумина град на сонштата, грд на фудбалот, карневалот, рајските плажи. Но ја има и црната страна, сиромштија, дрога, убиства. Сево ова го прави типичен бразилски град со голем јаз меѓу богатите и сиромашните. Рио е град со тропска клима и голема влажност во текот на целата година со високи температури.
Ова е горд град на фудбалските ѕвезди од калибарот на Роналдо, Зико, Ромарио, Робсон да Силва, Морети, Нејмар и многу други.
Гордоста Маракана е второ најпосетено место во Рио. Стадионот именуван 50-тата Марио Фиљо, денеска познат е како Маракана и најголемо вакво здание на светот. Во изградбата учествувале 1.500 работници, за последните 4 месеци бројката достигне 2.000. Оваа импозантна градба ќе биде центарот на светот на 13 јули кога рефлекторите ќе светнат и бидат вперени во најдобрите две светски селекции во 2014-та, а потоа и на најсилната фудбалска планетарна сила. За потребите на светското капацитеот од 80.000 е намлен на 73.531. Честа да се истрча и почуствува пулсирачката уникатна моќ на Маракана ќе ја имаат и во меч за рехабилитација, Шпанија против Чиле(18 јуни), потоа Белгија-Русија(22 јуни), Еквадор-Франција(25 јуни). 1/8 финале меч гледаме од Маракана на 28 јуни, ¼ финале на 4 јули и финалето на 13 јули.
