МВР
Бојмацалиев во посета на Полициското одделение Дојран
06.03.2024 09:10
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска ќе оствари работна посета на Полициското одделение Дојран и Полициската станица за Граничен Премин и Граничен Надзор Стар Дојран...

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска ќе оствари работна посета на Полициското одделение Дојран и Полициската станица за Граничен Премин и Граничен Надзор Стар Дојран, каде што ќе оствари средби со раководствата на овие организациски единици, како и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи ЈУГ.
Како што соопштија од МВР, за време на посетата, Бојмацалиев ќе оствари средба и со градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов.
