Њујорк

Промоција на книга од Сузана Милевска во Њујорк

06.03.2024 09:12

Промоција на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од македонската теоретичарка Сузана Милевска. Книгата е во издание на ЗГ Контрапункт – Скопје во едицијата „Пунктум“.

Во Галеријата MC, во Њујорк, утре ќе се одржи промоција на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“ од македонската теоретичарка Сузана Милевска. Книгата е во издание на ЗГ Контрапункт – Скопје во едицијата „Пунктум“.

На промоцијата во Њјујорк, по воведното обраќање на Искра Гешоска, културен теоретичар и издавач, ќе се одржи разговор меѓу авторката на книгата, Сузана Милевска, теоретичар на визуелната култура и куратор од Скопје и Живка Ваљавичарска, вонреден професор на Прат Институтот во Њујорк, по кој ќе следува и одговор од страна на Тијана Ана Спасовска, историчар на уметноста. Артан Садику теоретичар на културата и политиката, ќе го модерира целиот настан кој ќе заврши со отворена сесија за прашања и одговори.

Изданието е дел од платформата КРИК – фестивал за критичка култура.