Хаити

Во Хаити продолжуваат со насилствата

06.03.2024 09:15

Вооружените банди во Хаити продолжуваат со насилствата, удвојувајќи ги заканите дека ќе се борат против премиерот до последна капка крв.

Вооружените банди во Хаити продолжуваат со насилствата, удвојувајќи ги заканите дека ќе се борат против премиерот до последна капка крв. Бараат негова оставка во спротивно велат, граѓанска војна во земјата би била неизбежна.

Загрозениот премиер Ариел Хенри имаше проблеми вчера да се врати од Кенија поради обидот на бандите да го заземат главниот аеродром, додека соседната Доминиканска република пак, не му дозволи да слета. Тој изминатата недела отпатува за Кенија за да изврши притисок за распоредување на полициски сили поддржани од ООН кои би помогнале во битката со криминалните групи.

Вашингтон ја следи ситуацијата и најави обезбедување итна поддршка за националната полиција на Хаити.