ЕУ

Нова Предлог-регулатива за создавање на механизам за реформи и раст на Западен Балкан

06.03.2024 09:34

Ревидираната верзија на текстот на Предлог-регулативата за создавање на механизам за реформи и раст на Западниот Балкан е на дневниот ред на денешното заседание на комитетот на постојани претставници на земјите членки на Унијата.

Ревидираната верзија на текстот на Предлог-регулативата за создавање на механизам за реформи и раст на Западниот Балкан е на дневниот ред на денешното заседание на комитетот на постојани претставници на земјите членки на Унијата. Во документот се посочува дека во моментов БДП-то по глава на жител во земјите од регионот според стандардите на куповна моќ, сè уште е на многу ниско ниво помеѓу 30 и 50 насто од просекот на ЕУ и не се зголемува доволно брзо, па затоа со цел да се намали таа разлика Европската комисија го предложи планот за раст на Западниот Балкан.

Планот за раст на западниот Балкан се базира на четири столба – зајакната интеграција на единствениот пазар на ЕУ, поттикнување на регионалната економска интеграција, заснована на правилата и стандардите на унијата преку целосно спроведување на постоечкиот акциски план за заеднички регионален пазар, продлабочување на реформите насочени кон забрзување на растот во регионот, промовирање на економската конвергенција и зајакнување на регионалната стабилност, како и воспоставување на механизмот за реформи и раст на западниот Балкан, како нов финансиски инструмент за имплементација на планот.