Квалификациска Светска разврска
Додека чекаме (не размислувајќи никако поинаку) македонските ракометари вечерва и официјално да го верификуваат мундијалскот ракометно учество, три селекции вчера вечер беа шокирани и оставени од дома да го гледаат светскиот ракометен самит во јануари месец во Катар. Србија, Германија и Норвешка се несреќните нации.

Дефинитивно во германскиот ракометен национален тим има длабока криза. Ако клубски континентално ја имаат најсилната лига, на национално ниво имаат проблем. По елиминацијата за првпат од Европски шампионат, сега и од Светско. Полска беше елиминаторот, селекција која мундијалскиот герамски притисок го наметна со победата дома. Но само гол беше предноста на пољаците (25:24) во очи на реваншот во кој германците не најдоа сили да го свртат на свое. Напротив и во Магдебург со гол 28:29 беа поразени од Полска.
Србија пак, се избрука многу посилно од германците. Тие во Брно отпатуваа со 8 позитива во дуелот со Чешка. Но брзо си ја загубија предноста и беа збришани од земјите учеснички во Катар по поразот од 33:21.
Норвешка нема да биде на светско поради подобрата партија на Австрија која се повеќе го нагласува својот ракометен прогрес. Со два плус Австријците отидоа во Берген, позитива која си ја задржаа играјќи гостинско реми 28:28.
Русите со две победи над Литванија си обезбеди виза за светското. На добар пат се и Швеѓаните по гостинскиот триумф пред 7 дена и моменталното убедливо водство.
На чекирање билети се надеваат по денеска одиграното уште Исланд и Босна и Херцеговина, предност од гол носат Босанците во Исланд(33:32). И црногорците имаат иста позитива пред гостувањето во Белорусија(28:27). Унгарците со три гола појдовна позитива влегува на гстински терен во Словенија(25:22).