Македонската компанија „Сајтрокс“ санкционирана од САД поради улога во развојот на шпионскиот софтвер
Компанијата „Сајтрокс“ со седиште во Македонија, заедно со уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции од одделот за контрола на странски средства при американското Министерство за финансии, поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“...

Компанијата „Сајтрокс“ со седиште во Македонија, заедно со уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции од одделот за контрола на странски средства при американското Министерство за финансии, поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“.
Покрај македонската компанија, под санкции се ставени и грчката и унгарска компанија, како и една компанија од Ирска. Сите компании, според Министерството за финансии на САД, биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ за развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително владини службеници, експерти за политики и новинари.
