Бугарија

Бугарскиот премиер поднесе оставка, на негово место доаѓа коалициониот партнер

06.03.2024 10:30

Бугарскиот премиер Николај Денков поднесе оставка според планираното по девет месеци на чело на прозападната влада, отворајќи ја вратата за неговиот коалициски партнер да ја води земјата...

Бугарскиот премиер Николај Денков поднесе оставка според планираното по девет месеци на чело на прозападната влада, отворајќи ја вратата за неговиот коалициски партнер да ја води земјата.

Неговото писмо за оставка вчера беше поднесено до парламентот – објави владата во Софија.

Не е јасно кога парламентот ќе гласа за оставката на Денков и владата што тој ја предводеше.

По парламентарните избори минатата година, двата политички табора кои излегоа на врвот направија договор за поделба на власта, според кој должноста на премиерот се ротира.

Со усниот договор беа избегнати шести парламентарни избори во рок од две години. Бугарија доби влада која доследно спроведуваше проевропска и НАТО политика.

Но, договорот може да биде на несигурна основа, бидејќи и двата табора со недели се расправаат за позицијата министер за надворешни работи и за поделбата на другите министерства.