Државниот завод за статистика

Угостителските услуги во февруари покапи за 6,3 отсто во однос на истиот месец лани

06.03.2024 11:23

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2024 година, во споредба со јануари 2024 година, е зголемен за 0.1%...

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2024 година, во споредба со јануари 2024 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година зголемен е за 6.3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – февруари 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 6.3%, a во однос на декември 2023 година е зголемен за 0.6%.