Русија
Повредени и исчезнати во експлозија во фабрика во Тува
06.03.2024 11:25
18 лица се ранети, од кои шестмина во тешка состојба по експлозија што се случи во котлара на електроцентралата Шагонар...

18 лица се ранети, од кои шестмина во тешка состојба по експлозија што се случи во котлара на електроцентралата Шагонар во руската област Тува-објави министерството за вонредни ситуации на Русија.
Оттаму додаваат дека засега не се пријавени смртни случаи иако можноста не е исклучена со оглед на тоа што три лица се водат за исчезнати. Пожарот е локализиран и допрва ќе се утврдуваат причините за несреќата.
