Народното собрание ја прифати оставката на Денков
Бугарското народно собрание ја прифати оставката на премиерот Николај Денков на денешната собраниска седница со апсолутно мнозинство на сите 216 пратеници. Кабинетот и премиерот добија остри критики од бугарските пратеници додека Денков го читаше извештајот за досега сработеното. Опозициските пратеници ја нарекоа владата „неспособна“ и повикаа на трајна оставка, а не на ротација.

„Поднесов оставка како премиер. Ова не е политичка игра, тоа е држење на зборот, израз на доследност, политички фер-плеј и почит кон граѓаните. Ја исполнувам обврската што ја презедовме во заедничката декларација од 6-ти јуни 2023 година. Оставката е уште една покана да се преговара за прашањата што се важни за народот, им должам експлицитно уверување на бугарските граѓани. Владата ќе продолжи да ги исполнува своите должности и да работи, како и досега. До изборот на следната влада“, изјави Николај Денков, премиер во заминување на Бугарија.