Кривичен суд се прогласи за ненадлежен за обвинението против Рамиз Мерко
Скопскиот Кривичен суд се прогласи за ненадлежен да одлучува за обвинението против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Предметот, по правосилноста на решението, ќе го достави на постапување во Основниот суд-Струга.

Скопскиот Кривичен суд се прогласи за ненадлежен да одлучува за обвинението против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, поднесено од обвинителството за организиран криминал и корупција. Предметот, по правосилноста на решението, ќе го достави на постапување во Основниот суд-Струга.
Стварната надлежност да постапува е судот со основна надлежност на чие подрачје е извршено кривичното дело, соопштија од судот.
Обвинителството поднесе обвинител акт против Рамиз Мерко за злоупотреба на службената положба при набавката на луксузно возило марка ауди А-6, кога сметката на општината била блокирана.
