Украина

Украина соборила 38 руски беспилотни летала во осум региони

06.03.2024 11:46

Одеса повторно на удар на руските дронови. Киев тврди дека успеале да соборат 38 од 42 беспилотни летала во осум региони. Додаваат дека успеале да зададат возвратен удар во рускиот регион Курск во кој со дрон е погодена фабрика...

Одеса повторно на удар на руските дронови. Киев тврди дека успеале да соборат 38 од 42 беспилотни летала во осум региони. Додаваат дека успеале да зададат возвратен удар во рускиот регион Курск во кој со дрон е погодена фабрика.

Според руските власти во нападот нема повредени, погоден бил резервоар за гориво. На фронтот борбите продолжуваат. На политички план-тензиите растат. По протечената снимка за плановите на Германија и затегнатите односи меѓу Москва и Берлин, растат и несогласувањата на релација-Берлин и Париз.

Германскиот министер за одбрана Писториус реагираше на изјавата на Макрон кој ја повика Европа да не биде кукавица во одбрана на Украина. Рече дека јазикот на францускиот претседател е контрапродуктивен.