Правосудство

Судски совет поднесе иницијатива до Уставен за законите за изменување на Законот за платите

06.03.2024 11:49

Судскиот Совет на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија...

Судскиот Совет на Република Северна Македонија поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

„Поаѓајќи од својата уставна положба и законски надлежности, Судскиот совет на Република Северна Македонија како самостоен и независен орган на судството и како орган кој е должен да ја обезбедува и ја гарантира самостојноста и независноста на судската власт поднесе иницијатива за оценување на уставноста и законитоста до Уставниот суд на Република Северна Македонија со која се оспоруваат одредбите од Законот за изменување на Законот за платите на судиите и Законот за изменување на Законот за платите на членовите на Судскиот совет на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од Судски совет.