Бајден и Трамп извесни кандидати на претседателските избори во САД
По американскиот „супер вторник“, Џозеф Бајден и Доналд Трамп се профилираа како кандидати на Демократската и на Републиканската партија за претседател на САД. Не успеаја да победат во сите 16 држави, но мнозинството за нив е огромно. На Трамп му недостигаа гласовите на високообразованите во помалите американски гратчиња, на Бајден му опадна рејтингот поради кризата на Блискиот Исток и војната во Израел. Според анкетите, засега Трамп води пред Бајден за шеф на Белата куќа...

Како што и се очекуваше, веќе видено во битката за шеф на Белата куќа. Како и пред пет години, во трката за претседател на глобалната суперсила се одново Џозеф Бајден и Доналд Трамп. Иако, не ги освоија сите 16 држави кадешто се гласаше за нив. Во Вермонт Ники Хејли победи кај републиканците, но вкупно Трамп освои 80 насто од гласовите на делегатите.
„Ќе ги добиеме претседателските избори бидејќи нема поинаков избор. Ако ги загубиме, нема да имаме веќе држава. Ќе ја засилиме политиката против долговите. Ќе ги затвориме границите. Ќе бушиме, душо, ќе бушиме. Ќе ја урнеме инфлацијата, ќе ја направиме државата голема како никогаш досега. Ќе ги избркаме криминалците“, изјави Доналд Трамп, кандидат на Републиканската партија за претседател на САД.
Според анкетите, Трамп ги добил гласовите во големите градови, но во помалите повеќето високобразовани гласале за Хејли.
Во трката за добивање гласови, Бајден загуби во американска Самоа и се соочува со последиците на блискоисточната криза. Актуелниот американски претседател воопшто не беше загрижен пред гласањето.
„За бројките во анкетите за мене? Не зборувате луѓе за претходните пет анкети кадешто победувам по ред. Вие го читате единствено Њујорк Тајмс. Тоа е голем весник“, изјави Џозеф Бајден, претседател на САД и кандидат на Демократската партија.
По победата во „супер вторникот“, шефот на Белата куќа немаше говор во јавноста, во соопштението потврди дека Американците јасно ја избрале неговата предност пред Трамп. „Ако Трамп се врати во Белата куќа, под ризик е нашиот напредок. Тој само критикува и планира одмазда“, вели Бајден во соопштението. Според анкетата на Си-Ен-Ен, Трамп е во водство со 48 насто гласови пред Бајден со 46 проценти.
Зоран Богатинов
