Груевски: Нашата сила е во народот!

15.06.2014 16:45

Наметнавме високи стандарди на работа, тоа е патот до успехот, но, не запираме овде - тие стандарди постепено ќе растат, рече Груевски во обраќањето пред своите сопартијци на приемот по повод 24-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ...

Идеите во кои веруваме се двигател што не води напред. Пред 24 години на основите на старото ВМРО се издигна најсилната политичка партија ВМРО-ДПМНЕ која во идеологијата ги интегрира моралот и националниот интерес – рече на свеченоста претседателот на партијата Никола Груевски.

Наметнавме високи стандарди на работа, тоа е патот до успехот, но, не запираме овде -  тие стандарди постепено ќе растат, рече Груевски.

„ВМРО-ДПМНЕ има план како Македонија да ја развива, да ја направи економски посилна, и стандардот на граѓаните повисок. Ние работиме на тоа. Имаме план. Најголемиот успех на ВМРО-ДПМНЕ во овие 24 години е што остана нераскинлив дел од народот, кој е нашата најголема сила. Народот е нашата сила, а идејата нашиот двигател. Граѓаните ја познаваат таа искреност. Заедно, обединети ќе постигнеме многу повеќе“, истакна Груевски.

Во девет последователни циклуси граѓаните ни ја даваат довербата, оцени Груевски, затоа што ја препознаа нашата посветеност за придржување до дадениот збор. Првиот човек на партијата потсети дека во многу сфери се отпочнати коренити реформи со кои значително се подобрува земјоделието, здравството и образованието.

 

Анита Димитријевска