Македонските компании кубурат со кадар
Почна да функционира мерката „слободен пристап до пазарот на трудот“ за Македонија, Србија и Албанија во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“. Постои ли ризик за одлив на работна сила во градежниот сектор.

Македонските компании кубурат со кадар. На пазарот недостигаат околу 10.000 работници во градежништвото. Стравуваат оти „Отворен Балкан“ ќе им придонесе за дополнителен одлив на кадар, иако, тврдат дека прават сè за да ги задржат работниците дома.
Дека сезонските вработувања во странство и прават проблем на домашната економија, алармираат и градежниците, кои се оптимисти дека сепак секторот ќе заживее.
Проблем е тоа што сè повеќе ни фали кадар, оти за повеќе пари, луѓето одат надвор.
Бизнисмените велат дека е крајно време државата да овозможи привилегии за вработување студенти. На подолг рок да се овозможи во образовниот процес предност да му се даде на стручното образование. Како едно од решенијата се посочува и увозот на работници, но тоа да бидат стручни, образовани, а не општи работници кои треба да се дообучуваат.
Според Државната статистика, најмногу слободни работни места има во трговијата 1.687, градежништвото 983, хотелиерството 566 и транспортот 469.
Борис Грујоски
