Студентски домови: Нови капацитети во „Стив“, „Гоце“ наскоро ќе се реновира
На местото на старите бараки во студентскиот дом „Стив Наумов“ сега има осум блокови, со капацитет од околу 140 места...

Подобар живот за студентите. Услови по највисоки стандарди. Четири од новите павиљони се со по 10 соби, а останатите со 16. Во секоја од бараките има и соби за лица со посебни потреби. Студентите со кои денеска разговараше екипата на МТВ велат дека работите одат на подобро.
„Ги имаме сите услови, мензата е доста снабдена, имаме топла вода, имаме скоро се што ни треба како студенти... Машките згради пред една година беа реновирани, не е лошо... Ново си е ново, сигурно има подобри услови, мислам дека во секоја соба сега има тоалети, како што ги средија машките згради. Подобро би било сите така да ги направат, да ги реновираат“, велат студентите кои случајно ги анкетиравме денеска.
Министерот за образование, Спиро Ристовски вели дека објектите се изградени по највисоки стандарди. Постои можност и за надградба во делот на сместувачките капацитети. Новиот оглас ќе биде во октомври.
Ристовски најави дека е завршено и поднесувањето понуди за првата фаза од реконструкцијата на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и наредниве денови ќе се одржи електронска аукција по што ќе почне првата фаза од реконструкцијата.
За студентскиот дом „Невена Ѓорѓиева- Дуња“ познат како „Медицинар“ засега има проектен план. Ќе се планираат следните чекори.
Ана Јосифоска- Тодоровска
