Средба Грковска-Купман
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Герт Јан Купман, директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) на Европската комисија.

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска се сретна со Герт Јан Купман, директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) на Европската комисија.
Во фокус на разговорот помеѓу Грковска и Купман беше Планот за раст на Западен Балкан, во кој еден од столбовите е забрзување на реформските процеси, особено во делот на владеење на правото и подобрување на ефикасноста на правосудството и јавната администрација. Вицепремиерката ја нагласи важноста на Планот за раст, како силен механизам за премостување на периодот до постигнување полноправно членство на Северна Македонија во Унијата.
На средбата стана збор и за потребата, паралелно со спроведувањето на мерките предвидени со Планот, да се засилат активностите за информирање на граѓаните за значењето на евроинтегративниот процес, како и за поддршката која нашата земја во континуитет ја добива од Европската Унија.
Двајцата соговорници разговараа и за активностите поврзани со дигиталната трансформација на општеството, како процес преку кој се зајакнува воспоставувањето на политиките за добро владеење на сите нивоа.
Средбата со Купман е во рамки на работната посета на вицепремиерката Грковска на Брисел, која попладнево ќе учествува на конференција на високо ниво, посветена на жените во јавниот живот, во организација на потпретседателката на Европската комисија, Вера Јоурова.
