Македонија 2025

„Македонија 2025“ предлага план за забрзан економски раст и нуди поддршка за неговото спроведување

06.03.2024 14:19

Организацијата „Македонија 2025“ го претстави реформскиот план „визија за забрзан раст“, што произлезе од „Платформата за просперитет“ промовирана во 2020 година...

Посилна нација, модерно и развиено општество, економски раст и повисок животен стандард. Ова се целите на„ Платформата за просперитет“, една визија за забрзан развој, презентирана од организацијата Македонија 2020 – 2025 та, која претставува неполитичката и непрофитна организација. Оваа платформа почива врз три фундаменти – нулта толеранција за корупција и транспарентност, ефикасна јавна администрација и пристапување кон Европската унија и постојан раст на бруто домашниот производ од над 5% годишно.

Македонија 2025-та презентираше и план за реформи и развој, кој може да се реализира под претпоставка дека овие три фундаменти ќе се почитуваат. Планот се фокусира на три области – дигитализација и дигитална трансформација, конкурентност на македонските бизниси и искористување на потенцијалот на дијаспората.

Целта е да помогнеме за просперитет и повисок животен стандард, за што помалку луѓе да се иселуваат, порачаа учесниците.

Од „Македонија 2025“ најавија обединување околу заедничката визија за забрзан развој преку состаноци со политичките партии, академската заедница и бизнис асоцијациите.

 

 

 

Марија Котовска