Свети Николе

Откажан земјоделскиот протест во светиниколско

06.03.2024 14:50

Министерот за земјоделство и неговиот заменик поединечно се сретнаа со земјоделците во Свети Николе, секој со свој предлог за решавање на проблемот со договорите за закуп на земјоделско земјиште. Според министерот Николовски ниту еден договор не е раскинат. Според заменикот Трипуновски нема законска пречка за продолжување на договорите. Најавениот протест за утре е одложен.

Нема договори за закуп на земјиште со одземено владение, изјави министерот за земјоделство во Свети Николе. Договорите ќе бидат продолжени на 15 години, но за тоа опозицијата треба да деблокира неколку земјоделски закони во Собранието

Беспотребно се прави тензија кај земјоделците, изјави заменик министерот за земјоделство. Според Државната комисија за спречување на корупција нема законска пречка за продолжување на договорите за закуп и нема потреба од законски измени

Вие барајте решение на проблемот, нас оставете не да ја работиме земјата, порачаа светиниколските земјоделци.

За утре најавениот протест во Свети Николе е одложен. Земјоделците очекуваат до 5 -ти април да добијат продолжување на договорите за закуп на земјата на 15 години.

 

Славица Величковска