Тече владиниот оглас: Потребни менаџерски и лидерски вештини за работа во државна служба

15.06.2014 17:15

Заинтересираните треба да достават пополнета апликација која ќе ја најдатна владината интернет страница, биографија на 5 страни, мотивациско писмо не подолго од 500 зборови...

Сите што поседуваат лидерски вештини и менаџерски способности можат да алицираат на огласот за 379 раководни позиции. Треба да се пополнат амбасадорските фотељи во Москва, Анкара, Брисел, Пекинг и уште десетина низ светот.

Се бараат државни секретари во министерствата за внатрешни, за правда, надворешни, за одбрана. Знаење и тимска работа се способностите кои треба да ги поседуваат директорите на државните институциите, агенеции, фондови, управи. Тече огласот и за над 220 членови во управни и надзорни одбори.

„Секој оној што со душа и срце сака да работи за својата земја е добредојден да се пријави и да конкурира. Ова е чекор кој ние не би морала да го направиме доколу навистина не сакаме да пружиме рака на најквалитетните, кои сакаат да преземат одговорност и да го вложат своето знаење и креативност во развојот на Македонија“, нагласи премиерот Никола Груевски.

Заинтересираните треба да достават пополнета апликација која ќе ја најдатна владината интернет страница, биографија на 5 страни, мотивациско писмо не подолго од 500 зборови, со наведена позиција за која се аплицира, сертификати за познавање на странски јазици.

Кандидатите ќе бидат интервјуирани и тестирани. Владиниот оглас трае до 30 -ти јуни. За избор клучни ќе бидат способноста, образованието, искуството. Сите ќе имаат еднакви можности без огледна половата, верската, етничката или партиската припадност.

Наташа Јанчиќ