Нови документи
Итната постапка го скратува патот до пасошот
06.03.2024 14:37
Редици нема, но граѓаните велат се доцни со издавањето на патните исправи. Има и такви кои доаѓаат со столчиња од дома за во случај да треба да се почека...

Теодора Коловска, дипломиран политиколог на УКИМ, а сега студентка на Ликовна академија во Шпанија, се вратила во земјава да извади пасош по итна постапка, која трае од 26-ти јануари, за да го добие денеска.
На некои граѓани, пак, им залутале патните исправи.
Оние повозрасните подготвени со столчиња од дома за во случај да треба да се почека.
Можеше да се забележи е дека нема редици. Тоа го потврдуваат и вработените, кои велат дека последните две-три недели нема метеж.
Александра Велинова
