Заострена реторика меѓу Џафери и Тошковски околу издавањето на новите документи
Во Центарот за обука во Идризово, МВР отвори нов пункт за издавање лични документи. Се бара решение и за граѓаните кои имаат документи со старото име на државата за да може да го остварат избирачкото право. Техничкиот премиер Џафери вели има доволно време граѓаните да извадат нови документи. Министерот Тошковски не се согласува. Го кани Џафери да помогне со фотографирањето...

Додека ДИК бара измени во Изборниот законик за гласање со лични документи со старото име, но без изминат рок на важење, премиерот Џафери вели дека има време до изборите граѓаните да извадат нови документи. Како што соопшти според добиените податоци од МВР само во февруари издадени биле над 71.000 лични карти, а над 95.000 пасоши.
Министерот за внатрешни Тошковски му реплицира-на премиерот Џафери, но и на министерот за надворешни Османи ќе им обезбедиме услови и тие двајца да фотографираат, за да го забрзаат процесот. Техничкиот министер додаде дека на граѓаните не треба да им се дава лажна надеж, туку реалноста.
Потребно е многу повеќе да се направи, констатира министерот откако во Идризово беше отворен нов пункт со 4 базни станици за фотографирање на граѓаните кои поднеле барање по итна постапка. Во однос на пасошите има доволен број до почетокот на мај.
Миле Ристески
