ДСЗИ ќе врши увид во вакциналните потврди за извршена имунизација
Големата кашлица се шири, регистрирани три нови случаи. Државниот инспекторат чека Министерството за здравство да ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести…

Инспекторите на терен ќе проверуваат дали има невакцинирани деца во градинките. Министерството за здравство ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на голема кашлица. Со ова, треба да се добие пореална слика за тоа каква е состојбата во градинките во Скопје, дали се почитува препораката од пред еден месец, невакцинирани да не се згрижуваат во градинка.
ДСЗИ ќе врши увид во вакциналните потврди за извршена имунизација. Директорката на инспекторатот вели дека ќе постапат, но според неа, недостига системско решение за децата да се имунизираат редовно.
Ходниците во пунктовите празни, откако родителите се опуштија дека нема кој да ги врати невакцинираните деца. Комисијата за заразни болести препорача, во вакциналните пунктови да се води задолжителна дигитална евиденција.
Наташа Јанчиќ-Менковски
