Ники Хејли се повлече од кампањата за републикански претседателски кандидат
Дојде време да ја суспендирам мојата кампања. Кажав дека сакам да се слушне гласот на Американците. Тоа и го направив. Не се каам, рече Хејли на прес-конференција во Чарлстон, Јужна Каролина.

Поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли објави дека ја прекинува кампањата за претседателска номинација на Републиканската партија.
Дојде време да ја суспендирам мојата кампања. Кажав дека сакам да се слушне гласот на Американците. Тоа и го направив. Не се каам, рече Хејли на прес-конференција во Чарлстон, Јужна Каролина.
Со голема веројатност, Доналд Трамп ќе биде републиканскиот кандидат. Му честитам и му посакувам се најдобро. Му посакувам добро на секој што би бил претседател на Америка, додаде Хејли.
Таа им порача на своите поддржувачи да бидат силни и храбри и да не се плашат.
Одлуката за прекин на кампањата значи дека единствениот преостанат кандидат за републиканската претседателска номинација е Доналд Трамп.
