Почина македонскиот бодибилдер Мирко Петровски

06.03.2024 18:43

Петровски долги години беше професионален бодибилдинг и фитнес-инструктор.

Повеќекратниот македонски бодибилдинг и фитнес-шампион Мирко Петровски почна денеска во Скопје на 47-годишна возраст.

Сочувство по повод смртта на Петровски, меѓу другите, изрази и Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија.

Жална вест за сите вљубеници во бодибилдингот и фитнесот во Македонија. Утрово нè напушти Мирко Петровски. Нека почина во мир – се вели во објавата на социјалните мрежи.

Петровски долги години беше професионален бодибилдинг и фитнес-инструктор.

Во 2013 година му беше врачена државната награда „8-ми септември“ за особен придонес во развојот на спортот во Македонија.

 

Фото: Бодибилдинг и фитнес федерација на Македонија