Расте тензијата во Ирак!

15.06.2014 17:33

Ирачката војска ја зголеми безбедноста во главниот град...

Најмалку шест лица загинаа при воздушен напад на ирачката војска северно од Багдад. Деветмина загинати и над 20 ранети пак,при експлозија на автомобил –бомба.

„Беше страшно. Експлодираше бомба во близина на продавница, имаше многу луѓе и многу беа повредени“, вели очевидец.

Ирачката војска ја зголеми безбедноста во главниот град. Државниот секретар на САД,  Кери ги повика властите во Ирак заеднички да му се спротивстават на екстремизмот. Шефот на германската дипломатија Штајнмаер предупреди дека состојбата е сериозна, може да ескалира и да се прошири.