Собрание

Денеска во Собрание Предлог законските измени на Изборниот законик

07.03.2024 08:43

Денеска на собраниска седница се Предлог законските измени на Изборниот законик, по скратена постапка.

Денеска на собраниска седница се Предлог законските измени на Изборниот законик, по скратена постапка. Со нив се предвидува допрецизирање на одредбите за регистрација на гласачите со отстранување на ограничувањата на истечените документи за идентификација, како и вклучување во избирачките списоци лица кои ќе наполнат 18 години меѓу двата круга. Со преодната одредба од овој предлог се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чијашто важност истекла во периодот од 9 месеци до денот на одржување на изборите. Предлог измените се поднесени од пратеници на ДУИ, СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.