Украина

Зеленски и Мицотакис сведоци на напад во Одеса

07.03.2024 08:47

Руски смртоносни напади врз Одеса за време на посетата на претседателот Зеленски и грчкиот премиер Мицотакис на јужниот пристаништен град.

Руски смртоносни напади врз Одеса за време на посетата на претседателот Зеленски и грчкиот премиер Мицотакис на јужниот пристаништен град. Никој од двете делегации не е повреден, но се загинати најмалку пет лица – соопшти украинската одбрана. Зеленски го осуди нападот обвинувајќи ја Русија дека полудела и не контролира каде цели нејзината армија. Москва соопшти дека успешно уништила хангар со дронови на украинската морнарица, не дефинирајќи дали мисли на истите експлозии на кои се повикаа двајцата лидери.

„Правевме обиколка на градот кога слушнавме сирени, набргу потоа и експлозија. Ова е најживописниот потсетник дека овде се случува вистинска војна. Секој ден, и влијае не само на линијата на фронтот, туку и на невините сограѓани“, изјави Киријакос Мицотакис – премиер на Грција.