Русија

Јулија Навални повика на протест против Путин

07.03.2024 08:52

Вдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, ги повика русите на протест против претседателот Путин...

Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозиционер Алексеј Навални, ги повика русите на протест против претседателот Путин на денот на изборите со формирање долги редици пред избирачките места. Вели така луѓето ќе направат моќна демонстрација на расположението на земјата. Вети дека ќе ја продолжи работата на нејзиниот покоен сопруг.

„Ова во никој случај не се избори. Путин нема да биде легитимен претседател, ниту за тебе и мене, ниту за остатокот од светот. Можеме да ги искористиме овие избори против него. Дојдете на гласачкото место, можете да гласате за кој било кандидат, освен за Путин, можете да го уништите ливчето, само дојдете“, изјави Јулија Навални - вдовица на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.