Aденски залив
Први жртви на напад на Хутите во Црвено Море
07.03.2024 08:56
Тројца членови на екипажот се убиени во ракетен напад на Хутите врз комерцијален брод кој пловел под знамето на Барабдос

Тројца членови на екипажот се убиени во ракетен напад на Хутите врз комерцијален брод кој пловел под знамето на Барабдос во близина на јужниот дел на Јемен. Најмалку уште четворица се повредени. Ова е прв смртоносен напад во Црвеното Море кое Хутите го правдаат како поддршка на палестинците во војната во Газа.
Тие соопштија дека екипажот на бродот ги игнорирал нивните предупредувања. Од Стејт департментот го осудија нападот.
