Германија

Штрајк на транспортот низ цела Германија

07.03.2024 09:00

Во земјата нема да сообраќаат ниту возовите, откако машиновозачите не успеаја да се договорат за платата и работното време.

Aеродромот во Франкфурт затворен поради штрајк на безбедносните работници организиран од синдикатот Верди.

Штрајк најави и персоналот на Луфтханза. Во земјата нема да сообраќаат ниту возовите, откако машиновозачите не успеаја да се договорат за платата и работното време. Синдикатите предупредија дека штрајковите без најава ќе станат се почести доколку не се исполнат барањата.

Следната рунда преговори треба да се одржи на 13 -ти март.